Компанијата Philips објави дека ќе го унапреди јавното осветлување во Мадрид со LED технологија. Вкупниот број од 225.000 улични светилки ќе бидат заменети, за што компанијата вели дека е најголем таков проект досега. По поставувањето на овој концепт на осветлување, одговорните ќе можат во секој момент да ја следат потрошувачката и да го контролираат осветлувањето преку соодветниот систем за контрола.
„Се работи за најголема технолошка обнова во Мадрид“, вели градоначалничката Ана Ботела. Промената ќе овозможи постигнување на некои важни цели. Имено, намалувањето на потрошувачката на енергија, продолжувањето на рокот на експлоатација на јавното осветлување и контрола на светлосното загадување се само некои од целите. Проценките велат дека новиот концепт на осветлување ќе донесе заштеди од 44% во потрошувачката на енергија за оваа намена.