Насловна / Вести / Мадрид со озеленување против високите температури и загадувањето

Мадрид со озеленување против високите температури и загадувањето

Madrid ozelenuva-zeleni gradini na pokriv

Наскоро во Мадрид, целиот неискористен простор ќе биде прекриен со билки. Градот троши милиони со цел проширување на постоечките паркови, и покривање со зеленило на ѕидови и покриви. 22 неизградени парцели ќе бидат претворени во урбани градини. Со оглед на тоа што градот веќе го има забрането сообраќајот во центарот, се размислува некои од улиците да се претворат во паркови со дрвореди.

Madrid ozelenuva-zelen zid

„Сето ова е дел од пообемен план во борбата на градот со всоките температури и климатските промени.  Во Мадрид станува се потопло. Во минатото лето се забелеѓани рекордно високи температури. Топлите бранови кои порано се случувале на секои 20 години, сега се појавувааат на 5 години“,  вели Том Армур, директор на компанија која се занимава со проектрање и изградба и која заедно со градските власти работи на интеграција на природата и урбаниот простор во градот.

Madrid ozelenuva-zelenilo na patistata

Со пилот проектот кој веќе е спроведен, и преку кој се посадени градини на покривите во некои квартови, температурите се спуштиле за 4 степени. Збогатувањето на вегетацијата исто така помага во решавањето на проблемите со смогот. Во Мадрид, делумно е забранет сообраќајот во одредени зони, јавниот превоз е бесплатен во најзагадените денови, додека возењето на дизел автомобили ќе биде потполно забрането во поширокиот центар до 2020 година.

Madrid ozelenuva

„Ова што се случува во Мадрид, би требало да се случува насекаде. Промените би требало да бидат усвоени без оглед на спецификите на градот и микроклимата, бидејќи овие решенија се универзални. Истражувањата покажуваат дека ваквите решенија можат да резултираат во огромни бенефиции по здравјето, економијата и животната средина. Истовремено, се работи за поефикасно и поевтино решение во споредба со кој било друг традиционален пристап“, заклучува Армур.

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top