Насловна / Архитектура / MAD проектираше закривен облакодер, со цел да не ја блокира природната светлина на соседите

MAD проектираше закривен облакодер, со цел да не ја блокира природната светлина на соседите

Новиот проект на студиото MAD Architects е облакодер со многу необичен дизајн. Имено, зградата ќе биде драматично закривена, а авторите наведуваат дека не станува збор само за стилот, туку намерата е овој објект да не ја блокира природната светлина и погледот на околните градби. Облакодерот наречен Qondesa, ќе биде сместен во вториот по големина град во Еквадор, кој во моментот доживува градежна експанзија. Сеуште не е познато кога градбата ќе биде завршена и колку ќе биде висок облакодерот, но од MAD велат дека ќе биде највисок во градот. Тоа значи дека ќе го надмине облакодерот Iqon, кој има 130 метри.

curved1

curved2

Фасадата ќе биде во боја на камен, бидејќи за многу стари градби од ова поднебје е користен вулкански камен од локално потекло. Предвидено е и зеленило на терасите, а локацијата овозможува одлична сообраќајна поврзаност. Преку патот се наоѓа парк од 67 хектари.

curved3

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top