Во Шангај, градот кој е дом на некои од најпознатите индустриски чуда, една од најголемите цементарници се претвора во мултифункционален простор за новата ера. MAD Architects, познат по својот иновативен пристап, ја презел задачата да го трансформира огромното складиште на некогашната шангајска цементарница Жанџијанг во простор кој ќе им служи на новите генерации. Основана во 1971 година, цементарницата била првата станица за бродовите кои носеле суровини, се до 2013 година кога е затворена. MAD Architects сега има визија да го сочува индустрискиот изглед на ѕидовите на складиштето, додека покривот ќе се замени со сосема нова конструкција.
Овој објект ќе содржи кооперативни работни простори, истражувачка лабораторија, мултифинкционалана сала, кафуле и голем парк на покривот отворен за јавноста. Пристапот кон внатрешноста ќе биде можен преку големи метални скали. а за приземјето се планирани малопродажни објекти и адекватно пејсажно уредување. Западниот ѕид на старото складиште ќе биде заменет со стаклен ѕид, со цел да се обезбеди природно осветлување. Останатите ѕидови ќе бидат поправени и зајакнати со задржување на автентичниот индустриски изглед. Проектот е помплексен а ефектот на лебдечки објект ќе биде постигнат со помош на столбови, решетки и носачи. Ma Yansong, основачкиот партнер во MAD Architects, истакнува дека акцентот не е ставен на славење и консолидација на индустриската естетика, туку на духот на современото и идното. Работите с ево тек, а проектот би требало да биде завршен во 2026 година.