Насловна / Архитектура / MAD Architects победија на конкурсот за центар за крстарење во Кина

MAD Architects победија на конкурсот за центар за крстарење во Кина

MAD Architects, предводени од Ma Yansong и во соработка со Кинеската академија за градежни истражувања (China Academy of Building Research – CASR), победија на меѓународниот архитектонски конкурс за Меѓународен центар за крстарење Cuntan во Chongqing, Кина.

01_resize

Локацијата на проектот, моментално карго терминал кој опфаќа 66.000 квадратни метри, се наоѓа во новата област Liangjiang. Локацијата и поврзаниот терминал за крстарење се наоѓаат во областа на пристаништето Cuntan, овозможувајќи пристап до реката Јангце. Според проектот на MAD, локацијата ќе стане меѓународен терминал за крстарење и градски комплекс од 65.000 квадратни метри, каде што ќе биде сместено пристаниште за крстарење од 15.000 квадратни метри и 50.000 квадратни метри комерцијален простор.

8_resize

„Chongqing има планини и води“, изјави Ma Yansong, размислувајќи за визијата која стои зад победничкиот проект. „Меѓутоа, реката Јангце е повеќе од само природен пејзаж во градот. Поради човечките активности како што се бродскиот сообраќај и индустрискиот транспорт, овој планински град е исто така полн со енергија и движење. Сакаме да ја трансформираме оваа енергија во Chongqing од трагите на индустријата во енергија што ја поттикнува имагинацијата. Луѓето овде можат да ја почувствуваат кинетичката енергија на градот, но и да ги замислат јавните простори на иднината“.

6_resize

При посетата на локацијата, тимот на MAD бил инспириран од големите портокалови портални кранови кои доминираат на товарниот терминал. „Овие портални кранови станаа живи вонземски суштества кои даваа чувство на надреализам“, забележува Ма. „Според тоа, новиот проект не се однесува само на одржување на индустриските бои од минатото, туку и на почитување на овој оригинален надреализам. Ги проектиравме издигнатите згради како да се футуристички град што слободно се движи, кој навидум пристигнува овде од некаде, а можеби уште еднаш ќе патува на друго место“.

1_resize

Архитектите имаат за цел да го претворат ова речно пристаниште за крстарење во област која поддржува туризам, шопинг и забава. Речното пристаниште ќе се состои од шест згради долги 430 метри, подигнати на високи столбови и ќе изгледа апсолутно импресивно со необичен, но атрактивен алуминиум во портокалова боја. Тоа ја објаснува поделбата на просторот како пристаниште за крстарење од 15.000 квадратни метри и 50.000 квадратни метри деловен простор. Пристаништето ќе биде поврзано со комерцијалните жаришта со „небесни“ мостови кои ќе водат до продавници и ресторани.

3_resize

2_resize

Изградбата на новиот Меѓународен центар за крстарење Cuntan ќе почне во ноември 2022 година. Проектантскиот тим исто така додал пејзажен парк, простран зелен урбан простор со површина од 100.000 квадратни метри, кој на посетителите ќе им овозможи да уживаат во погледите на градот и реката.

5_resize

9_resize

4_resize

3_resize

02_resize

Испрати коментар

Scroll To Top