Уште во 1983 година, УНЕСКО го прогласи Мачу Пикчу („стариот врв“) за светско наследство, а 25 години подоцна (2007 година) за едно од новите седум чуда на современиот свет.
Мачу Пикчу може да се дефинира како археолошко чудо и еден од најкревките и најзагрозените екосистеми на планетата. Неговото природно богатство сè уште не е доволно ценето, иако покрај ендемичните птици и орхидеи, тоа е и природно живеалиште на мечката од Андите.
По затишјето на коронавирусот, Мачу Пикчу, по пауза од девет месеци, на крајот на минатата година ги поздрави првите туристи.
Многумина предвидуваат дека патниците во иднина ќе сакаат да се поврзат повеќе со природата, локалната култура и дека се повеќе внимание ќе се посветува на еко-туризмот. Затоа Перу е меѓу првите дестинации за луѓето кои се желни за искуства што ќе ги обединат природата, биодиверзитетот и историјата.
Од година во година, населението во Перу ја сфаќа важноста на зачувувањето на културното наследство и бара нови начини како да ги научи помладите генерации од една страна за убавината на природата, а од друга страна колку лесно можат неповратно да се уништат сите природни ресурси . Во овие области, еко-туризмот може да стане главен извор на приход за локалните заедници.
Обединетите нации во септември 2019 година предупредија дека живееме во период на климатски вонредни состојби, што се повеќе ќе влијае на сите социјални и економски сегменти, без исклучок. Најголемиот „виновник“ за сè поочигледна вонредна состојба во климата е резултат на децениите прекумерни емисии на стакленички гасови, кои денес се акумулираат во атмосферата и го менуваат балансот на климата на нашата планета.
Во Перу се проценува дека околу пет проценти од вкупните емисии се генерираат преку активности од туризмот. Овој факт ја открива важноста на посветеноста на туристичката индустрија кон целите на одржливиот развој на Обединетите нации, кои промовираат ублажување на влијанието на јаглерод диоксидот со намалување на неговите емисии.
Во моментов, организацијата Инкатер, која се занимава со одржлив туризам, во сојуз со компанијата АЈЕ Група, која се занимава со производство и дистрибуција на пијалоци, развива стратегија за да биде овластен Мачу Пикчу како прво светско чудо, што е јаглеродно неутрално. Ова вклучува развој на циркуларна економија, преку иновативна стратегија за одржливо управување со скоро целиот цврст отпад.
Првата организирана акција беше донирање на машина за набивање отпад што се користи за обработка на седум тони пластичен отпад дневно. Успехот на оваа иницијатива беше проследен со фабрика за преработка на нафта во биодизел и глицерин, отворена во 2018 година во хотелот Инкатера Мачу Пикчу Пуебло, со цел да се спречи излевање нафта во реката Вилканота.
Најновиот проект е иновативна технологија со можност за обработка на осум тони органски отпад преку пиролиза (хемиско распаѓање на високи температури во отсуство на кислород, без емисии на јаглерод диоксид).
Ова генерира био-јаглен, природно ѓубриво што ќе помогне во пошумување на „облачна шума“ со милион дрвја Cinchona officinalis, што има лековити својства и е прикажано на националниот грб. Одгледувањето на ова дрво ќе помогне да се врати биодиверзитетот и да се спречи потенцијална природна катастрофа во Мачу Пикчу.
Губењето на „облачните шуми“ е скриен глобален ризик од влијанија предизвикани од различни фактори, како што се растот на населението и нерегулираната употреба на земјиштето за пасење, сеча или земјоделство. Ова доведува до различни промени во живеалиштата и до деградација на екосистемите и влијанието врз апсорпциониот капацитет на јаглерод диоксид и други стакленички гасови, пишува Енергетски портал.
Перу, како дестинација, ужива привилегија да го има ова културно и природно наследство на човештвото, што подразбира голема одговорност да се зачува за идните генерации. Овој сојуз посветен на декарбонизацијата на Мачу Пикчу е пример за посветеност на Перу кон климатските активности.
Успешната приказна и целите што можат да се постигнат кога јавниот и приватниот сектор работат рака под рака, и со поддршка на локалната заедница, ќе ја донесат оваа дестинација на Латинска Америка на врвот на дестинацијата неутрализирана на јаглерод благодарение на кружната економија – преку одржливо управување со отпад.
Перу ќе го има првото светско чудо што на сите свои посетители ќе им понуди климатско одговорно искуство кое е во согласност со најголемите предизвици на туристичкиот сектор и планетата.