Насловна / Арт и дизајн / Лувр и Sotheby’s истражуваат дела конфискувани за време на нацистичката окупација

Лувр и Sotheby’s истражуваат дела конфискувани за време на нацистичката окупација

Во последниве години, големите светски музеи многу сериозно се занимаваат со потеклото на нивните збирки, особено оние дела кои се набавени за време на нацистичката окупација и кои главно биле конфискувани од еврејски сопственици. Лувр во Париз покрена неколку иницијативи поврзани со ова прашање, а една од последните е проект за соработка со аукциската куќа Sotheby’s. Имено, тие потпишаа покровителски договор наменет за истражување на предметите кои музејот ги набавил во периодот од 1933 до 1945 година, кој ќе трае, како што најавуваат од Лувр, три години и треба да помогне во финансирањето на истражувања кои би можеле да доведат до враќање, но и дигитализација на материјалите, организација на семинари, студиски денови и публикации.

l5

„Ова покровителство ја одразува посветеноста на Sotheby’s за враќање на делата кои ги сменија сопствениците помеѓу 1933 и 1945 година. Тоа беше првата меѓународна аукциска куќа која имаше оддел посветен на истражување на потеклото и враќање на имотот“, истакнуваат од Лувр. „Одделот за реституција“ на Sotheby’s е основан во 1997 година и неговите научници, посочуваат од музејот, ќе помогнат во истражувањето на збирките на Лувр.

l4

„Нашата цел е очигледно да вратиме се што можеме“, изјави Sébastien Allard, шеф на одделот за сликарство во Лувр за Њујорк Тајмс во 2018 година. Во меѓувреме, Лувр отвори онлајн база на податоци со 485.000 записи за предмети, вклучително и повеќе од 1.700 дела – пронајдени во Германија по Втората светска војна, но никогаш не се вратени на потомците на законските сопственици – наведено е во категоријата Musées Nationaux Récupération (MNR). Овие дела не припаѓаат на француската држава, туку се под управа на Лувр и се доверени на чување на француските национални музеи. Портпаролката на Лувр сепак напоменува дека „партнерството со Sotheby’s се однесува само на оние дела што се во збирките на Лувр“.

l3

Двете куќи, исто така, планираат серија програми за да го свртат вниманието на проблемот со конфискуваните уметнички дела во музејските збирки, од кои за многу сè уште не се знае кои биле сопственици.

l2

Така, на 27 јануари ќе биде прикажан документарниот филм „Пазарот на уметнички предмети за време на окупацијата“ од 2021 година, кој се темели на наодите на историчарката на уметност Emmanuelle Polack, која Лувр на почетокот на 2020 година ја назначи да го истражува потеклото на уметничките дела во тој музеј пред, за време и по Втората светска војна. Polack е една од најголемите експерти на францускиот уметнички пазар за време на нацистичката окупација, а била и член на меѓународната работна група формирана од германската влада за да го идентификува нацистичкиот плен меѓу злогласните уметнички дела на Gurlitt.

l1

Испрати коментар

Scroll To Top