Насловна / Арт и дизајн / Лувр ги зголеми цените на билетите за 30 отсто во пресрет на Олимписките игри

Лувр ги зголеми цените на билетите за 30 отсто во пресрет на Олимписките игри

Цената на билетите за Лувр се зголеми за пет евра во пресрет на Олимписките игри 2024 година, објавено е на веб-страницата на парискиот музеј.

Цената е поскапена за речиси 30 отсто, од 17 на 22 евра.

Посетата на Лувр и понатаму ќе биде бесплатна за лица помлади од 18 години и за жителите на Европскиот економски простор помлади од 26 години.

l1

Како што објасни раководството на музејот во соопштението, поскапувањето е последица на инфлацијата и поскапувањето на струјата.

Сепак, секој втор посетител има право бесплатно да ја види изложбата, забележуваат од музејот.

Отворен во 1793 година, Лувр е најпосетуваниот музеј во светот. Во 2022 година неговата колекција, која се простира на 86 илјади квадратни метри, ја погледнале 7,2 милиони луѓе, што на музејот му донело 76,5 милиони евра.

Во 2023 година, бројот на посетители бил 8,9 милиони, а 3,6 милиони посетители (41%) влегле во музејот бесплатно.

ll

Париз очекува околу 15 милиони туристи да присуствуваат на Летните олимписки игри, соопшти Министерството за туризам.

Претходно беше објавено дека цената на патување со париското метро ќе се удвои за време на Олимпијадата оваа година и ќе изнесува четири евра, а не 2,10 евра колку што е сега.

Олимписките игри во Париз ќе се одржат од 26. јули до 11. август, а Параолимписките игри од 28. август до 8. септември.

Испрати коментар

Scroll To Top