Во епицентарот на бои и фантастични пејсажи на заливот Бока Которска, се создаде сосема нов град. Се работи за софистицирана медитеранска населба изградена со внимание и градителска страст – Luštica Bay, во близина на Тиват.
Местото е вистински свет во мало – има жители од 36 држави, а интересирањето за бегство во недопрена природа и медитеранска релаксираност, постојано расте. Зад овој проект стои швајцарско – египетскиот конзорциум Orascom Development Holding. Освен можноста за укотвување на бродовои до 45 метри, местото нуди ултралуксузно сместување во хотел од брендот The Chedi, како и бројни угостителски и други услужни објекти.