Насловна / Ентериери / Лустери со доза на шик направени од пластика

Лустери со доза на шик направени од пластика

Познатиот производител на осветлување и мебел од пластика Kartell, оваа година на Euroluce во Милано се претстави со нова серија на ламби, кои имитираат текстура на чипка.кабуки _3

Така, деталите на абажурот на моделот „Кабуки“, кој го дизајнира Ferruccio Laviani, изгледаат многу реално, иако се направени од вбризгувана пластика. Многу потсетуваат на стакло, но за разлика од стаклото многу полесно се одржуваат, а притоа не можат да се скршат.кабуки _4

Иако на саемот Euroluce моделот „Кабуки“ бил претставен како лустер, подна и мала столна ламба, во моментов се произведува само столна ламба, чија цена е околу 800 евра. Производството на лустери се очекува наскоро.кабуки _2

Моделот „Кабуки“ се произведува во четири бои: бела, сина, сива и темнозелена.кабуки _1

Овој модел убаво се вклопува како во модерните така и во класичните станови, давајќи им материјализација со доза на шик.кабуки _5

Испрати коментар

Scroll To Top