Познатото британско студио за луксузен дизајн и архитектура Laura Hammett, го дизајнира проектот Devonshire Place во Лондон.
Завршен во 2015 година, овој двособен стан во Лондон, се наоѓа во шестокатница со џорџијанска фасада. Овој уникатен дом е совршена комбинација на класични и модерни дизајни. Зафаќа површина од околу 500 м2.
Според џорџијанското наследство, во станот е користен црниот челик во едноставните дизајни за врати и огради, додека другите елементи кои потсетуваат на минатото време се паметно комбинирани со мебелот и завршните детали, со цел да се создаде удобен и модерен дом.
Пастелните тонови на шампањ и крем бои се користени во дневната соба, за да се креира еден вид „неутрално платно“, каде што се изложени објекти од тибетанската уметност.
Овој луксузен дом во Лондон има и идеални простории за организирање на општествени собири, што е едно од барањата на клиентите, кои уживаат во богатите и елегантни банкети и забави. Ова е постигнато преку отворање на голема кујна и трпезариски простор со голем бел централен остров, каде што се сместени минималистичките и беспрекорни Laura Hammett барски столици.
Надворешното двориште се наоѓа во централниот дел на домот и до него директно може да се дојде низ дневната соба, мастер апартманот и собата за гости. Поврзување на ентериерот и екстериерот е паметно постигнато со помош на декоративни елементи – зрели бонсаи дрвца, делкан камин и клупи.