Иако не се задржуваме долго во оваа просторија, сепак времето поминато во бањата треба да биде удобно. Без разлика дали го миеме лицето, се шминкаме или уживаме под тушот, убаво уредената бања може да ни пружи одлично чувство како да се наоѓаме во луксузен спа центар.
Оваа луксузно уредена бања е инспирирана од желбата за создавање на сопствен неверојатен простор за уживање.
Овој простор е визуелизација на бања која е врежана во карпа, со што се добива впечаток како да се наоѓа во пештера.
Карпестите ѕидови во контраст но и во склад со мазните и сјајни керамички елементи во бањата, го претставуваат соодносот помеѓу пештерите и внатрешните сјајни елементи кои се природно мазнети со илјадници години.