Италијанскиот луксуз и смислата за стил се поими кои немаат потреба за дополнително објаснување. Ако е сепак потребно потсетување или информација за оние што не знаат, како дефиниција за италијански стил и луксуз би можеле да го наведеме познатиот Hotel Eden. Хотелот се наоѓа во центарот на Рим, поточно во близина на Шпанските скали, и работи успешно повеќе од еден век.
Луѓето од хотелот, за да на своите гости продолжат да им обезбедуваат најдобро можно искуство, се одлучиле на обемно реновирање на ентериерот. Хотелот сега има 98 луксузно уредени соби во кои секој гостин секогаш ќе се чувствува опуштено и одморено.
Атмосферата што сакале да ја постигнат е онаа на која гостите се навикнати дома, со додавање на најдобрите достапни материјали, кога станува збор за дизајнот на ентериерот. Хотелот е особено горд на своите ресторани од чиишто тераси се простира спектакуларен поглед на Вечниот град.