Во 2017 година, Јапонија ќе добие уште една туристичка атракција – луксузен воз потпишан од дизајнерот на „Ферари“, Ken Okuyame. Возот со име Cruise Train ќе се состои од 10 вагони со шампањ боја, кој ќе се движи по електрични шини.
Еден од главните дизајнери е Ken Okuyama, според чии планови ќе бидат декорирани вагоните, а меѓу нив и два луксузни ресторански и lounge вагони со специјално панорамско застаклување и удобни фотелји за максимално уживање во патувањата. Возот ќе има простор за само 34 патници кои ќе бидат во можност да резервираат еден од луксузните вагони за спиење во форма на двоетажен „апартман“, кој патувањето го прави уште полуксузно.