Насловна / Арт и дизајн / Луксузниот стан во Париз во кој живеела Коко Шанел

Луксузниот стан во Париз во кој живеела Коко Шанел

Stanot na Koko Sanel5

Коко Шанел (Coco Chanel) била жена со извонреден стил, моден креатор но и модна икона, а нејзиниот стан бил навистина екстравагантен.

Се уште беспрекорно сочуван и спротивставен на забот на времето, просторот е историска реликвија и модерен водич, покажувајќи го креативниот процес низ кој таа секојдневно минувала.

Processed with VSCOcam with c1 preset

Култната резиденција со адреса 31 Rue Cambon, е многу повеќе од извонредно осмислен распоред на просториите сместени над самата Chanel продавница, туку ненаметливо раскажува приказна за жената што ги ослободи жените од стегнатите корсети и го пронајде за нив т.н. лежерен шик стил.

Stanot na Koko Sanel1

Освен култните скали на кои ги одржувала ревиите, луксузниот стан со потпис на најславната дизајнерка на светот, има многу скапоцени предмети како на пример, по мерка дизајниран кауч од кожа од антилопа или пак детали накитени со многу злато.

Stanot na Koko Sanel7

Несомнено, уживала во раскошот што можела и тоа како да си го дозволи, бидејќи освен креативец била и голем бизнисмен.

Успеала добро да го наплати својот труд, па се проценува дека на една година пред нејзината смрт (поточно во 1970 година), вредела 19 милијарди долари (денес над 100 милијарди долари).

Stanot na Koko Sanel4

Stanot na Koko Sanel2Stanot na Koko Sanel6Stanot na KOko Sanel3

 

 

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top