Луксузниот пентхаус во престижната област Back Bay во Бостон, каде што живееле Tom Brady и неговата славна сопруга Gisele Bundchen, сега е достапен за изнајмување. И тоа за месечна цена од 35.000 долари.
Според информациите, Том Брејди и неговата убава половина ја купиле целата зграда, во којашто се наоѓа овој апартман, ја реновирале, ги продале долните три станбени единици, и се сместиле во триплекс кој се наоѓа во врвот на зградата. Нивниот стан има три спални и три бањи.
Овој пентхаус од над 500 м2 има пет камини, пет места за паркирање, теретана и кровна тераса со прекрасен панорамски поглед на Бостон.