Еден од најлуксузаните возови на светот наскоро ќе добие надградба. Од 2020 година иконата на Венеција, Simplon-Orient-Express ќе може да се пофали со три нови луксузни купеа, т.н Grand Suites, како симбол на безвременскиот гламур. Новите кабини, кои чинат 7.800 УСД за едно ноќевање, наречени се според три градови – Виена, Прага и Будимпешта.
Секоја од нив е дизајнирана да ја одразува дестинацијата по која е наречена. Така на пример виенскиот апартман е со класичен стил со богати златни и смарагдно зелени нијанси, свилена ткаенина и елементи од темно дрво. Купето наречено по Прага има костенливи и златни бои, како и рачно извезени перници. Купето Будимпешта, потсетува на готичката и османлиската архитектура, со сложени резби. Виена, Прага и Будимпешта, кои се придружуваат на купеата Венеција, Истанбул и Париз, истo така имаат личен 24-часовен домар.