Насловна / Вести / Луксузниот Nio ET9 го нарекуваат „кинески Мајбах“ а чини двојно помалку

Луксузниот Nio ET9 го нарекуваат „кинески Мајбах“ а чини двојно помалку

Кинескиот производител на електрични возила Nio, го претстави новиот електричен модел кој според нивниот оптимизам ќе ги одмери силите со двојно поскапите модели како Mercedes Maybach или Porsche Panamera E-Hybrid. Оваа компанија со седиште во Шангај, објавила дека луксузната лимузина ET9 ќе чини околу 112.000 долари, и дека се очекува да им биде испорачан на купувачите во првиот квартал од 2025 година. Исто така, ET9 е најскапиот модел кој Nio го има развиено од своите почетоци во 2014 година. Nio ET9 ќе има два електромотори. Напред е поставен индукциски асинхрон мотор со моќност од 180 kW, а одзади синхрон мотор со перманентен магнет со моќност од 340 kW.

нио1

нио2

Минатиот месец, компанијата се здружила со ривалите  Geely и Changan со цел заеднички да развијат напредна технологија за замена на батериите и со тоа да ја подобрат конкурентноста на глобалниот пазар на електрични автомобили. Истовремено, Nio продолжува со ширењето на станиците за замена на батерии и планира да изгради уште 1.000 станици в 2024 година.

нио3

Испрати коментар

Scroll To Top