Луксузниот лондонски „пентхаус“ на Александар Меквин е ставен на продажба за 10,7 милиони долари.
Пентхаусот, како што пренесува WWD, се наоѓа на адреса 17 Dunraven Стрит, недалеку од Хајд Парк, а неговиот ентериер е дизајниран од Пол Дејвис Лондон како hommage на починатиот дизајнер. Ентериерот се протега на повеќе од 166 квадратни метри, а терасата е завршена по смртта на Меквин според неговите нацрти.
Просторот е исполнет со луксузен мебел и детали, а ѕидовите се украсени со портрети на Меквин и неговите пријатели како што се Изабел Блоу и Анабела Неилсон, фотографии од ревии и мотиви со черепи – заштитниот знак на самиот дизајнер, на ѕидните огледала.
Меквин го купил овој пентхаус во 2009 година за 3,72 милиони долари, но тој живеел во стан во близина, на Green Street, каде што во 2010 година и се самоубил. Тој ги сакал и двата стана бидејќи биле на совршена оддалеченост од Хајд Парк, во кој тој редовно одел со своите кучиња, Juice и Callum.
Сегашните сопственици го виделе станот како инвестиција, кога тие го купиле, што сега е сосема јасно поради фактот што станот во моментов се продава за 10,7 милиони евра.