Луксузниот бренд „Кавијар“ во Русија, кој е познат по производство на телефони во ограничена серија, дизајнира нов телефон „Путинфон“ со ликот на рускиот претседател Владимир Путин.
Телефонот со името Caviar Samsung Supremo Putin Rubino” е всушност модифициран „Самсунг Галакси С7“. На задната страна на мобилниот телефеон е изгравиран ликот на Владимир Путин, а телефонот е достапен во повеќе верзии. Еден од нив е и телефонот со 190 рубини внимателно наредени така што го врамуваат ликот на Путин. Другата верзија содржи само златно лице на рускиот претседател.
Компанијата „Кавијар“ планира три верзии на овој телефон, кој треба да чини околу 27.000 долари.
Покрај исклучително скапиот „Путинфон“, компанијата, исто така, нуди и релативно пристапен уред наречен „Rubino Galaxy S7“, кој е направен од мешавина од метал и наместо чисто злато претставува комбинација од жолто и бело злато, а нема ни скапи рубини.
Тој наводно ќе чини 2.560 долари.
Третата варијанта се нарекува Caviar Samsung Supremo Putin и ќе чини 2.408 долари. Тој ќе биде направен од титаниум во боја на злато. Сите три верзии на „Путинфоните“ ќе бидат достапни преку официјалната интернет-страница на компанијата „Кавијар“.