Црквата Mill Hill е културно обележје и се наоѓа во Бонди, нов Јужен Велс. Црквата е пренаменета за луксузни апартмани со елегантни и јасни ентериери сместени во оклопот на објект кој претставува културно наследство.
Апартманите се поставени во отворен план кој се развива околу внатрешни дворови. Задржани се оригиналната железарија и прозорците, додека новите дрвени подови се рефернцираат на постоечките дрвени елементи на плафонот на црквата. Додадени се две тераси веднаш до црквата, кои имаат современа естетика, така што создаваат силен контраст со карактеристиките на наследството што се задржани во внатрешноста.