Лоцирана во западниот дел на Ванкувер, Канда, оваа модерна вила зафаќа површина од 2.740 метри квадратни. Нејзиниот архитект, Mcleod Bovell, го става акцентот на луксузниот дизајн и едноставниот распоред на просториите, што овозможуваат поглед кон базенот поставен во дворот на вилата. Отмениот ентериер е решен минималистички, со употреба на неутрални бои по ѕидовите и јаки бои кај опремата и мебелот.