Во Valle de Bravo, Мексико, Luciano Gerbilsky Arquitectos ја проектирале резиденцијата SYMBIOSIS, сместена на карпа што се издига 40 метри над езеро. Овој луксузен станбен проект се наоѓа на парцела од 1.000 квадратни метри со неправилна форма, а сложеноста на теренот и високата густина на населеност на областа го диктирале карактеристичниот концепт на проектот.
Проектот е осмислен како изразита интеракција помеѓу природата и резиденцијата, па оттука и името „Симбиоза“ со референца на феномените на биолошка врска. Главната цел била да се воспостави симбиотски однос помеѓу станбениот проект и неговата природна средина.
Во архитектурата на надворешната обвивка вниманието е свртено кон процепите во волумените, направени со цел да се создадат отвори кон надворешноста и да се овозможи целосно поврзување на резиденцијата со околината, како и оживување на внатрешните и надворешните простори на зградата.
Поврзувањето со природата како приоритет, имплицирало формирање на бројни зелени површини, коридори со езера и водопади и градини кои ги опкружуваат и влегуваат во просторите за живеење, овозможувајќи им на станарите да уживаат во природата во заеднички и приватни простори.
Погледите на езерото ја одреиле функционалната шема на луксузната вила, која тежнее да отвори панорамски поглед на околната природна средина и езерото Valle de Bravo. Како одговор на неповолната ориентација кон сонцето, архитектите направиле отвори на фасадата, филтрирајќи ја светлината според променливите годишни времиња.
Комплексната програма започнува на ниво 0, обезбедувајќи пристап на пешаците од јавниот пат. Ова ниво ги содржи повеќето социјални простори на резиденцијата, вклучувајќи ја дневната соба, трпезаријата, купатилото за гости и внатрешната кујна поврзана со главната тераса.
На терасата се наоѓаат дневна соба, втора трпезарија, солариум, соблекувална со бања и големо џакузи, сето тоа опкружено со зелени површини и водопади, со панорамски поглед на езерото.
Нивото -1 содржи две спални соби, двете со тераси со поглед на езерото, како и повеќенаменска соба и игротека.
Сите простории се опкружени со зелени површини и водопади кои се спуштаат од горното ниво. Езерото ги поврзува различните области преку коридор кој содржи збирка уметнички дела.
Во приватните простори на ниво -2 е поставена е главната спална соба, со пространа бања со езеро и водопади.
Целиот амбиент зрачи со луксуз, целосно посветен на удобноста и уживањето.
Нивото -2 исто така содржи уште една спална соба, од кои и двете имаат тераси со поглед на езерото.
На ова ниво има и паркинг простор, достапен преку рампа поврзана со патот и внатрешен коридор што ги поврзува спалните соби. Внимателниот избор на уметнички дела, кој вклучува и просторна инсталација специјално создадена за овој простор, го подобрува амбиентот. Езерото со водопади визуелно ги дели волумените на собата, со кружен лифт во центрот.
Вертикалната врска помеѓу сите нивоа е концентрирана околу импресивни спирални скали по кои поминува кружен лифт. Овие структури се наоѓаат во стаклен цилиндар опкружен со зелени површини со водопади и езера, кои сочинуваат дел од хидролошкиот круг.
Врската со најниското ниво на комплексот има изглед на карпеста пештера и ги поврзува просторите преку тунел кој води до „Club del Lago“, приватен простор кој се состои од базен, салон, трпезарија, кујна-бар, соблекувални, пристаниште и складиште за наутичка опрема. Атрактивна патека минува низ карпи со вегетација, како и водопади кои излегуваат од главниот волумен.
Терасата на покривот е визуелно интегрирана со зелените површини, а исто така нуди прекрасен поглед на езерото.
Проектот за вила Symbiosis успева во намерата да постигне совршена симбиоза помеѓу природните елементи и изградената средина. Дизајнот ја отсликува инспирацијата што довела до нејзино создавање, како и главната цел, да обезбеди искуства полни со емоции за станарите.