Познатиот актер Брус Вилис неодамна купи нова и прекрасна вила во живописното место Бедфорд близу Њујорк, по цена од девет милиони долари и го остави својот бурен живот во Холивуд.
Вилис заедно со својата сопруга Ема Хеминг неколку пати бил виден во овој дел како посетува и разгледува слободни недвижни имоти.
Оваа вила се наоѓа на кратко растојание од Њујорк. Бедфорд во последно време стана многу популарно место за богатите и славните, кои сакаат да избегаат од бучавата од Њујорк или се уморни од животот во Холивуд.
Во неговото соседство се Кетрин Зета Џонс и Мајкл Даглас, кои продале еден и купиле втор дом во овој прекрасен крај.
Брус Вилис и неговата сопруга купиле вистински бисер. Нивниот нов дом е убав и софистициран имот кој се наоѓа на 14 хектари површина и тоа на рид, со што од ова место се пружа прекрасен поглед. Нивната куќа има околу 1.000 м2 површина и убаво дизајниран ентериер со елементи од највисок квалитет.
Пространите и елегантно декорирани соби во нивната нова вила имаат огромни прозорци и високи тавани.
Иако овој имот се наоѓа речиси на периферијата на Њујорк, тоа е многу модерно. Најмодерните и луксузни аудио и видео системи, осветлувањето и безбедносните системи се исклучително важен дел од овој имот.
Меѓу другото, има и пространа винарска визба во која има доволно место за 1.500 шишиња.