Заливското подрачје на Сан Франциско е познато по луксузните куќи и викендици. Една од нив, со фасцинантен панорамски поглед се продава за 47,5 милиони долари. Викендицата на три ката ја изградил банкарот CO Perry во 1895 година, а во 1995 година ја купил мултимилионерот Robert Friedland.
Тогаш е реставрирана и вложени се 30 милиони долари за да се зачуваат оригиналните архитектонски детали. Реставрацијата траела цели 10 години.