Едно од светски познатите архитектонски студија е SAOTA, и токму тие стојат зад оваа прекрасна резиденција.
Во прашање е ултрамодерна куќа која се наоѓа во Кејптаун во Јужна Африка, со панорамски поглед на Clifton и Camps Bay.
Мермерот, стаклените ѕидови и стаклото воопшто, се елементите што доминираат во овој луксузен објект, кој е дотеран до најмалите детали. Просториите се исполнети и со дизајнерски елементи кои се дел од секоја просторија.
Со цел да се истакне раскошот, во некои сегменти се истакнуваат елементи со позлата како еден вид акцентирани детали кои сигурно ќе ви паднат во очи.
Објектот се простира на два ката, на кои се и неколку спални соби и бањи, додека приземниот дел е друштвена зона која флуидно продолжува кон екстериерот, кој вклучува тераса како и мини базен со прекрасен поглед.