Сместена во елитна област на Лондон, оваа куќа од 340 квадратни метри е новиот дом на еден млад брачен пар.
Според проектното биро Guy Stansfeld Architects, a под диригентска палка на фирмата Maddux Creative, луксузно опремената куќа на Нотинг Хил е целосно реновирана и адаптирана на современите трендови, особено во однос на намалување на потрошувачката на енергија. Сепак, она што го прави овој проект интересен е мошне луксузниот ентериер.
Почнувајќи од раскошната дневна соба, преку огромната кујна и трпезарија, па се до спалните соби и винарската визба, се во оваа куќа до најмалиот детаљ е внимателно дизајнирано. Внатрешноста е исполнета со различни материјали и смели комбинации на бои, кои освојуваат на прв поглед.
Куќата на четири нивоа поврзана е со централни бетонски скалила, пишува Freshome. Во подрумот може да се ужива во вино, на приземјето се наоѓа богато опремена дневна соба со трпезарија и кујна, а на првиот кат се спалните соби, додека на кровот е зелена оаза за релаксација.
Допирот на луксузот и фантастичните завршни обработки е присутен на секој чекор. Почнувајќи од дневната соба со необични скулптури, преку спалните соби исполнети во свила, па се до винарската визба реализирана со материјал од даб.