Со цел поврзување на просторот за живеење со панорамата на океанот околу имотот, овој луксузен дом со зелени ѕидови се наоѓа во пристаништето во Puerto Vallarta, Мексико, и гледа на тихоокеанскиот залив. Замислена е како куќа-оаза со сите можни содржини: осум спални соби, фитнес центар, домашно кино, две џакузи кади, тераса со базен, како и неколку мултифункционални простори за дружење внатре и надвор.
Поврзувањето на природни материјали и текстури придонесува за оригиналниот дизајн. Употребата на природен камен и бетонски ѕидови создава свежи простори кои овозможуваат двојно пасивно ладење за време на топлите сезони.
Мебелот и декоративните елементи се избрани исклучиво и дизајнирани за интеграција со архитектурата.
Боите и ткаенините донесуваат топлина и релаксирачки амбиент типичен за плажа, а уредувањето е надополнето со vintage елементи.