Насловна / Архитектура / Луксузна куќа чиј сопственик е архитект изгледа совршено

Луксузна куќа чиј сопственик е архитект изгледа совршено

Архитектот Heinz Julen сам ја проектирал својата куќа за одмор во швајцарскиот град Зермат. Тоа е луксузно и раскошно стаклено здание со идиличен поглед на овој скијачки град, но тука не застанува приказната. Самата куќа е нетипична за овој крај, бидејќи е во прашање модерен отворен простор со галерија, бидејќи има висок плафон.швајцарија (6)

И додека во долниот дел е сместена зона за дружење која вклучува пространа дневна соба, кујна и трпезарија, горниот кат е резервиран за спалните соби, и тоа три. Она што привлекува внимание како „декорација“ е клавирот поставен во централниот дел, како и каминот. Со цел објектот да добие автентичен планински „шмек“, барем делумно, архитект одлучил да внесе дрво како украс. швајцарија (5)

И ако сакате и вие да се опуштите во оваа прекрасна планинарска куќа, ќе треба да одвоите 2.288 долари за една ноќ.швајцарија (4) швајцарија (3) швајцарија (2) швајцарија (1)

Испрати коментар

Scroll To Top