На ридот на ексклузивната област Deer Crest, Јута, САД, сместено е одморалиште од сонот Resort West Ski. На почетокот идејата за изградба била скијачка колиба, но како времето одминувало таа прераснала во проект за креирање на планинска резиденција која опфаќа 1400 квадратни метри луксузен имот, и претставува олицетворение на сите можни удобности, потреби и желби на добростоечките заљубеници во зимските спортови.
Таа била изградена во 2008 година, има шест спални соби, 10 бањи, двокатна дневна соба со големи прозорци, семејна соба, трпезарија, лифт, голема гастрономска кујна и посебен простор за доручек. Ако и тоа не ви е доволно, тука се сала за вежбање, соба за билјард, соба за масажа и фитнес, бања со сауна и солена соба, винарска визба со простор за дегустација, како и домашно кино со 16 места. Се разбира, постои загреан базен и голем џакузи, како и голема и пространа тераса.