Насловна / Вести / Луксузна јахта на која ѝ е потребно само сонце

Луксузна јахта на која ѝ е потребно само сонце

First Zero Emissions Yacht

Сонце на небото и ветер во косите, ќе биде доволно за уживање на новото пловило на електричен погон Solarwave 62, кое е прекриено со соларни панели. На овој начин, овозможено е долго пловење без прекини.

Solarna jahta1

Во својата основна верзија јахтата е долга 19 метри, а може да плови со брзина од 50 километри на час. Внатрешноста зависи од нарачателот, па се нудат модели со три, четири или пет кабини. За оние што сè уште не им веруваат на електричните бродови, бродоградителите им нудат хибридна верзија со дизел мотор.

Solarna jahta2

Со цел да се долови атмосферата на хотел со 5 ѕвезди, во јахтата се вградени и два помали базени. Цената е достапна на прашање директно во компанијата, но извесно е дека ретки се оние што би можеле да си го дозволат овој лукзус.

 

 

 

 

Испрати коментар

Scroll To Top