Дрвена куќа која е само неколку метри оддалечена од реката Мрежница, со поглед кон зелените слапови. Вистински рај. Поточно RiveRaj, семејна куќа за одмор која се наоѓа во Горњи Звечеј, на 20-тина километри југозападно од Карловац.
Во прво време семејството планирало да купи земјиште и да изгради викендичка, но подоцна добиваат идеја да се посветат на туризмот кој во континентална Хрватска се’ уште не е доволно развиен. Плацот го поделиле на четири дела со намера да изградат четири куќи.
Но поради недостиг на средства почетокот на работите се одолжил цели две години, по што одлучиле да аплицираат за странски извори на финансирање за да започнат да ја градат првата куќа.
Проектот вреден 250.000 евра пријавен е на конкурс за финансирање од претпристапните фондови на ЕУ во 2012 година и добива 30% од вкупно предвидените средства. Куќата е со површина од 130 метри квадратни, во која се е работено од дрво и тоа комбинација од даб и багрем од околната шума, вклучувајќи го и мебелот.