Стан со две спални се наоѓа на врвот на култниот и историски објект во Лондон – електричната централа Battersea Power Station. Според информациите, само уште неколку станови останале слободни во оваа реновирана и реставрирана централа, а инвеститорите што своите недвижнини ги осигурале пред да се обнови зградата, сега можат да видат точно во што инвестирале.
Дизајнот на ентериерот на станот што го гледаме сместен во овој комплекс наречен The Power House е изработен од страна на архитектонското студио Michaelis Boyd Architects и претставува две опции кои купувачите на станови ги имаат за уредување за нивните идни домови. Првиот е инспириран од страна на оригиналната структура на зградата од 1933 година со паркет од темно дрво и арт деко нијанси, додека втората опција нуди малку посовремена приказна испреплетена со челични детали кои својата идеја ја базираат во модернизираната фаза на централата изградена во 1947 година.
Архитектите својата работа ја опишуваат како „визуелно драматичен и рафиниран индустриски стил со тактилни елементи“ (како што се на пример изложената структура на ѕид од тули или кујнски елементи со бетонски работни плочи), а тоа одлично се вклопува во историјата на самата зграда со прекрасен поглед на реката Темза. Првите станари влегувањето во нови домови може да го очекуваат во почетокот на 2019 години, кога во Battersea Power Station за прв пат по 30 години повторно ќе се почувствува живот.