Овој спектакуларен луксузен стан во Челзи, Њујорк, кој се наоѓа во зграда на предвоената архитектура, чини 7.495.000 долари. Со својата неверојатна локација и 400 квадратни метри простор, во комбинација со 100 квадратни метри на тераса, овој стан нуди совршен поглед на Empire State Building и Freedom Tower.
Се состои од три спални и три бањи. Станот има два сопствени лифта. Трпезаријата со елеганција на 50-тите години на минатиот век води кон терасата. До трпезаријата се наоѓа голема библиотека со свој посебен пристап на терасата, која многу лесно се претвора во гостинска соба. Гурманската кујна, од Calcutta мермер, има совршен централен дел за складирање и доволен простор за сите кујнски прибори.
Просторот за појадок, со одделни елементи, е отворен кон исток и на запад. Драматичната галерија со акцентирани ѕидови води до главната спална соба, со одвоена гардероба направена од темен костен.
Исто така, тука се и две дополнителни спални соби, секоја со прекрасен поглед и големи и пространи плакари. Таваните ги имаат своите греди, кои даваат малку рустичен изглед, а прозорците се големи и имаат бронзени завршни детали. Подовите се од дабово дрво и се рачно изработени, и содржат извонредни детали.