Славеничката колекција на дизајнерскиот бренд на модни додатоци Jimmy Choo ја претстави новата колекција проследена со т.н. луксузен сандак од соништата.
Така, во чест на две децении од постоењето на модната сцена, овој дизајнерскиот бренд на модни додатоци се претстави со славеничка Memento колекција исполнета со фантастични чевли и чанти кои ќе ги воодушеват сите вистински заљубеници во модата.
Оваа блескава колекција на модни додатоци составена е од шик сандали од кои некои се украсени со рачно сошиена монистра, чипка, но и со Сваровски кристали, а тука се и металик платформите како и препознатливите clutch торбички со акцентирани сегменти и некои други атрактивни мотиви.
За да ја одбележат 20-годишнината, креативната директорка Sandra Choi го дизајнирала т.н. „свети грал“, односно своевиден Memento сандак од соништата со мини фиоки во коишто се сместени сите овие дизајнерски чевли на еден достоинствен и елегантен начин.