Eureka 82 се наоѓа во познатата и луксузна „Еурека Кула“ во Мелбурн, која е една од највисоките станбени згради во светот, а се наоѓа во срцето на градот.
Дизајниран од компанијата Fender Katsalidis Architects, која работела на целата зграда, овој луксузен пентхаус во облик на дијамант има прекрасен поглед на градот, на хоризонтот и океанот преку своите големи прозорци од подот до таванот.
Тој припаѓал на богато либанско семејство Jreissati, и веќе може да се претпостави дека е опременет со разни луксузни елементи, како што се кожни ѕидни панели, италијански мермерни подови и елегантна маса за 20 луѓе, а тука е и модерната уметност, која ги краси ѕидовите. Сопствениците по извесно време одлучиле овој прекрасен пентхаус да го понудат на продажба и сега чека нови станари.
Тој има пет спални соби и бањи, три тоалети со италијански мермер, приватен кабинет и домашно кино. Целиот пентхаус има smart систем што ги контролира осветлувањето, безбедноста и климата, како и iPad на секој ѕид, кои се интегрирани со ЅONOS аудио систем. Новите сопственици ќе можат да уживаат во сите бенефиции на „Еурека Кула“, како што се 24-часовни услуги на рецепција, приватно кино и добро опремен фитнес центар со базен и сауна.
Овој пентхаус, кој е целосно опремен, и во кој никој досега не живеел, е на продажба по цена од околу 20,7 милиони долари.