JMH Development, њујоршка компанија која е на водечката позиција во својата индустриска гранка, официјално го претстави својот најнов проект.
Се работи за Three Hundred Collins, првиот луксузен станбен комплекс во Мајами, дело на светски познатиот дизајнер Thomas Juul – Hansen. Овој проект, кој се состои од 19 станбени единици, ќе биде изграден на „Колинс“ авенија, која претставува премиум луксузна локација. Во понуда се еднособни, двособни, трисобни и четирисобни станови на најбараната локација во Мајами, чии цени ќе се движат од 1,2 до 9 милиони долари.
Оваа збирка од само 19 единици, е дел од проектот што ќе биде завршен во 2017 година. Тие ќе имаат подови од бел даб со завршни детали од камен, пространи тераси, балкони и прозорци од под до таван. Како дел од овој имот ќе има и оаза на отворено – кровен базен со џакузи и тивка приватна градина.