Насловна / Архитектура / Луксузен камп во шумите на Јужна Кореа

Луксузен камп во шумите на Јужна Кореа

Ако сакате да се одмарате во шатор на отворено, без заеднички тоалети, нечистотија, кујни и субстандардни услови, да го имате целиот комфор на удобно сместување кој недостасува во стандардни кампови , овие минималистички шатори може да бидат токму она што го барате.

2

Ова “glamping” сместување им овозможуваат на гостите да поминуваат време во природа без да се загрози удобноста. Кампот SJCC Glamping Resort се наоѓа во длабочина на шумите на Suncheon, Јужна Кореја. 16 шатори се дизајнирани од архитектонското биро Atelier Chang, стационирано во Лондон и Сеул.

1
Единиците за сместување се инспирирани од лесниот квалитет на стандардниот кампувачки шатор, но се модернизирани со пространи основи и луксузни детали. Структурите се со форма на купола од 164 квадратни метри.

7

11

Направени се од челични рамки покриени со термоизолирано платно, кое кога е осветлена одвнатре, зрачи со прекрасен сјај во текот на ноќта. Подигнат на потпори, секој шатор има свој трем и тераса која им овозможува на гостите прекрасен поглед на шумата. Иако шаторите се поставени блиску, околните дрва делуваат како природни бариери за приватност.

5
Основач на Atelier Chang, Soohyun Chang вели: “Сакавме гостите да се чувствуваат како да живеат длабоко во шумата – директно во допир со природата, наместо да бидат исклучени од неа, како што е случај со многу одморалиштата.

6
Посетителите ќе бидат изненадени кога ќе наидат на луксузен ентериер со две спални, бања, дневна соба и кујна. Секој шатор е поврзан со електрична и водоводна инсталација.

8

Одмаралиштето има и заедничкиот објект во геометриска форма, каде што е сместена рецепцијата и ресторанот.

3

9

10

Испрати коментар

Scroll To Top