Овој прекрасен пентхаус на Upper West Side, Менхетн, се наоѓа во зграда која има предвоена архитектура, конкретно, била изградена во 1909 година во близина на „Линколн плоштад“ . Луксузниот стан има површина од 500 квадратни метри, има три спални соби, три бањи, трпезарија со оригинални панели, винарска визба, библиотека, два камини и голема луксузна кујна која е погодна за подготовка на оброци. Тука е и пијаното Isaac Stern со самото влегување во станот.
Најголемата атракција на овој дом е пространата дневна соба со високи тавани и големи панорамски прозорци, што гледаат кон Музејот за национална историја, Централ Парк и прекрасната околина. Дневната соба е убаво и елегантно декорирана, а во неа се наоѓа и камин направен од камен од 17 век.
Уметничките дела, што се совршена декорација на овој гламурозен дом, доаѓаат од сите делови на светот. Дрвена инсталација во форма на ѕвезда која е дело на колумбискиот уметник Marie Fernande Cardoso виси од таванот, a неонското дело од бразилскиот уметник Antonio Dias го насочува вниманието кон западниот ѕид. Непроценливиот порцелан и ткаенини кои се стари над 2500 години се во совршена хармонија со антиквитетите, кои го исполнуваат просторот на овој дом.