Во срцето на Турција, во регионот Кападокија, постои еден суптилен пејзаж полн со антички пештери.
Во потполност празни, шест пештерски куќи кои датираат од петтиот и шестиот век, претворени се во неконвенционален, но во потполност сосема уникатен хотел со пет ѕвездички и 30 соби – Yunak Evleri.
Луѓето во овие пештери живееле речиси две илјади години, а гостите сега можат да уживаат во луксузните пештерски простории.
Името на овој хотел Yunak, доаѓа од старите времиња кога жените своите перења ги обавувале во фонтаната на централен плоштад, каде што тие се дружеле и ги извршувале своите обврски. Централниот дел од нивниот секојдневен живот се случувал покрај фонтаната.
Објектот во кој сега се наоѓа хотелот е изработен од бел мермер, со дрвени завршни детали. Сместувањето се движи од егзотични луксузни пештери до повеќесобни луксузни апартмани. Секоја подземна соба има антиквитети од Отоманскиот период, и има и приватен спа центар и двор со поглед на софистицираниот пејзаж. Остатокот на хотелот претставува грчка вила од 19 век, која се наоѓа во близина на прекрасните пештери.
Кровниот ресторан се издига над пејзажот и овозможува панорамски поглед на древната земја. Со 30 соби, Yunak Evleri е доволно мал за да биде интимен, но доволно голем да понуди приватност и неверојатен луксуз.