Насловна / Архитектура / Луксузен хотел-острово Mamula Island во близина на Херцег Нови (ВИДЕО)

Луксузен хотел-острово Mamula Island во близина на Херцег Нови (ВИДЕО)

Ластвица е мал остров во Јадранското Море, во Црна Гора, на влезот во Бокакоторскиот залив. Се наоѓа во близина на Херцег Нови, помеѓу полуостровот Луштица и Превлака и има кружна форма, со дијаметар од 200 метри.

3 (1)

Околу 80 отсто од површината на островот е завземена од тврдината Мамула, која е изградена во средината на 19. век од австроунгарскиот генерал Лазар Мамула. За време на двете светски војни, тврдината служела како злогласен затвор познат по својата суровост. За време на Втората светска војна била и концентационен логор, за што говори и филмот Кампо Мамула од 1959. година.

0 (1)

Осум децении подоцна тврдината е претворена во луксузен хотел-острово Mamula Island,кој минатото лето ги прими првите гости.

Овој хотел располага со 26 соби, шест апартмани, холистички спа, wellbeing содржини како што се базен и соба за масажа, теретана, патеки за трчање, три ресторани и четири барови, како и посебно место резервирано за историско-меморијална галерија која пружа осврт на богатата историја на овој локалитет.

7 (1)

Заштитата на културното добро во сржта на проектната задача

Сопственик на хотелот Mamula Island е компанијата Orascom Holding Mamula Montenegro од Херцег Нови, која е компанија ќерка на египетско-швајцарскиот холдинг Orascom Development, зад кој стои египетскиот милионер Samih Saviris.

8 (1)

Во изработката на идејното решение учествувале реномираното которско биро Enforma,  во соработка со фирмата MCM Architecture & Design од Португалија, додека во изработката на главниот проект ја презеле улогата на водечки проектанти во реконструкцијата на овој комплексен објект.

6 (1)

„Вредноста на Мамула како културно добро е основната водечка идеја за обликување и конципирање на идниот туристички производ, и поради ова заштитата на островот, утврдувањето е максимално внимателна,  промислениот однос е сржта на проектната задача, која беше ставена пред проектантскиот тим од страна на инвеститорот“ – велат од Enforma.

9 (1)

Сепак, апсолутниот недостиг од водовод и електрична енергија, новата функција на хотелот, како и стандардите на современиот живот и хотелиерството, наметнале задолжителна имплементација на новите елементи.

4 (1)

„Овие елементи се сведени на минимум, но се присутни. За да се избегне мимикријата, новите елементи се јасно претставени во просторот со користење на современи материјали и форми“ – наведуваат од Enforma.

Додаваат дека се заштитени автентичноста на тврдината и вредностите на пејзажот, додека новите структури се направени во едноставна форма, со употреба на лесни материјали и зелени кровови со цел да се минимизира нивното влијание врз визуелното доживување.

5 (1)

Концепт на реверзибилна реконструкција

Процесот на реконструкција е замислен во форма на реверзибилна реконструкција, каде што сите додадени елементи може лесно да се отстранат и да се врати објектот во првобитната состојба.

10

„Минималните интервенции и зачувувањето на автентичноста на градбата беа приоритет во процесот на проектирање, а и при изведба на објектот, која постојано беше следена од бирото Enforma“ – додаваат архитектите од которската фирма.

Што се однесува до ентериерот и дизајнот на собите и апартманите, избраните материјали и палета на бои црпат инспирација директно од традициите и пејзажот на островот.

12

Природен камен, стар месинг, масивен даб и проѕирен, органски текстил, применети се така што природните, земјени тонови се мешаат со светли нијанси во кохерентна, но малку контрастна хармонија.

Пренамената на тврдината како тема на документарен филм

Напоредно со изградбата, хотелот во последните неколку години се најде и на мета и на критики на организации и поединци, во кои вниманието се насочува кон тоа дека во Мамула, концентрационен логор на фашистичка Италија за време на Втората светска војна, биле затворени над 2.000 луѓе, главно деца и жени.

15

Меѓу критичарите е и Александар Рељиќ од Нови Сад, новинар и автор на документарниот филм „Mamula All Inclusive“, кој за Радио Слободна Европа изјави дека е мотивиран од тоа што поранешен логор се претвора во хотел.

„Сакав да покажам во каков свет живееме, колку денес парите бришат се пред себе, па и вакви историски, грозоморни моменти, злосторства, како го бришат и сеќавањето, почитта кон жртвата поднесена на тој остров“, објаснува Рељиќ, кој со снимањето на документарецот започнал во 2017 година и додава: „Цело време ја следам трансформацијата на Мамула, не само изгледот на островот, туку и свеста на луѓето, кои на почетокот беа против изградба на хотелот, а потоа почнаа да ги менуваат ставовите. Бев шокиран кога една затвореничка ми рече дека е добро што ‘некој зеде метла да измете’, алудирајќи на запуштеноста на островот“.

2 (1) 14 13 11

Испрати коментар

Scroll To Top