Насловна / Архитектура / Луксузен хотел никнува на албанската ривиера

Луксузен хотел никнува на албанската ривиера

Презентираниот проект „Jali Hotel and Residences“, потпишан од бирото „Oppenheim Architecture“ од Базел, прикажува луксузен комплекс кој се состои од хармонични згради, како и разни надворешни објекти што ќе се градат на југот на Албанија во градот Јала. Посетителите, како и локалното население, ќе можат да уживаат на отворениот плоштад, рекреативните објекти, како и живописниот клуб за плажа.

hotel

Архитектите на проектот првично го набљудувале и детално го проучувале локалното архитектонско наследство и духот на Албанија, со цел да се создаде безвременски комплекс на планираната локација, пишуваат архитектите за ArchDaily.

hotel1

Ова резултираше со реинтерпретација на традиционалните албански крајбрежни куќи, организирани како групирани објекти со околни широки отворени заеднички области, како и масовна употреба на локални материјали.

hotel2

Интегрираниот јавен културен центар им нуди на гостите на комплексот, како и локалните жители, простор за дружење, пазарење и место каде што можат да уживаат во специјалитетите на локалната кујна.

hotel3

Дополнителни погодности се дизајнирани во форма на спа центар, фитнес сала, казино и клуб на плажа, а гостите ќе можат да уживаат во бунгалови на плажа, како и луксузни хотелски апартмани или приватни вили.

hotel4

Комплексот се состои од густо изградени згради со хотел кој има 120 соби, 30 хотелски апартмани, 52 приватни апартмани и има 40 приватни вили за оние кои сакаат максимална приватност.

hotel5

Ова одморалиште не е првиот проект од „Oppenheim Architecture“ кој е длабоко инспириран од локацијата. Ова биро, кое има канцеларии и во Њујорк и во Мајами, ги има проектираное и AylaGolf Academy и Clubhouse во јорданскиот град Акаба во 2019 година, црпејќи инспирација од природните песоци и планини во блиската пустина, како и од архитектонското наследство на древните бедуини.

hotel6

Хотелот со површина од 1.200 квадратни метри се наоѓа на локација од 44 квадратни километри, со различни капацитети во центарот на теренот за голф со 18 дупки.

Проектот „Jali Hotel and Residences“ е во завршна фаза, а изградбата се очекува да почне кон крајот на оваа година. Одморалиштето ќе биде отворено за сезоната 2023/24.

hotel7

hotel8

hotel9

hotel10

Испрати коментар

Scroll To Top