Луксузот со кој се проектираат и изведуваат внатрешните простори на еден дом, секојдневно ги поместува границите на досега виденото и вообичаеното. Се настојува на воведување нови, иновативни и скапи материјали, нови принципи на уредување на домот како и употреба на нови технологии кои ни ги нуди денешницата.
Овој дом е доволно луксузен и е сместен во просторен и комфорен простор. Секоја од просториите добива простор кој е повеќе од доволен за нормално и непречено вршење на сите функции во рамките на домот.
Материјалите кои се користат во овој дом се навистина луксузни и скапи, па така уште на прв поглед тој изгледа отмено и луксузно. Секое парче мебел, секоја површина е до крајност обмислена и материјализирана на вистинскиот начин.
Кај дневната соба, со својот изглед, пленат седечката гарнитура, клуб масата, обработката на ѕидната површина итн. Во ништо не заостануваат и останатите простори, исто така елегантни, обликувани со јасни и чисти линии и материализирани во најдобрите материјали. Кујната, трпезаријата, претсобјето, библиотеката и спалните соби се во целосен склад.
Во недостиг на зеленило во урбаните средини, архитектот се решил дел од природата да вметне и во овој стан. Така, може да се каже дека централно место зазема и вертикалната градина која на овој простор му дава смиреност и го релаксира.