За да се долови атмосферата на „златното доба“, односно времето кога ентериерите на авионите изгледале сосема поинаку, Embraer Executive Jets одлучиле да претстават еден токму таков. Имено, се работи за Lineage 1000E Manhattan кој може да се пофали со прекрасно уредување и тоа во стилот на арт деко.
Заштитниот знак на овој раскош е дефинитивно темно махагони дрво со позлатени различни моменти. Целата контра е дефинирана со сиво-сина ткаенина на софите, додека во некои делови може да се види и мермер, како и разни мурали како референца на Њујорк.
Освен старинскиот „штих“, јасно е дека авионот е опремен и со најсовремената технологија која е ненаметливо имплементирана, за да не се наруши концептот на приказната.