Со одлична разработка на функцијата на просторот и храбро користење на различни материјали, креиран е овој атрактивен ентериер.
Архитектот Макс Касимов е проектантот потпишан за овој луксузен ентериер на апартман од 34 метри кавдратни во Москва. Иако со мали димензии, покрај кујната и бањата, сместен е и дневен престој кој всушност е и спална.
Оваа комбинација на функции во еден простор е интересно изведен: со употреба на различни материјали а во исто време со комплементарни примероци јасно е издвоен блокот за спиење од делот за седење.
За вака мал стан, кујната е потенцирана со несразмерна големина спрема останатите области, па така во неа има место и за трпезариска маса за две лица.
Гардеробите се скриени во нишите.
Во станот се употребени материјали како камен, иверка и текстил, кои се одлично склопени.
Акцент е ставен на ефективното осветлување.
Се појавува и индустриски стил во гредата од натур-бетон.
Дневниот престој се состои од две фотелји, но изгледа сосем привлечно во целиот амбиент.
Во бањата, машината за перење е скриена од погледи во делот со шкафови.