432 Park Avenue – ова е адресата на најновиот украс на њујоршката панорама, односно највисоката резиденцијална кула на Западната хемисфера.
Висока 425 метри, кулата содржи 104 апартмани, од кои секој има површина од околу 300 м2, високи тавани, панорамски прозорци и цени кои се движат од 16,95 милиони до 82,5 милиони долари. Апартманот што го претставуваме е дизајниран од страна на Rafael Vinolu, а за неговото конструирање и дизајнирање биле потребни три години.
Се наоѓа во центарот на Менхетен и има совршен поглед на њујоршката панорама – од Хадсон до Ист ривер, од Бронкс до Бруклин и од Централ парк до Атлантскиот Океан.
Во оваа зграда се наоѓа и приватен ресторан со отворена тераса, голем базен и спа центар, киносала, винарска визба со контролирана температура, игротека и сала за состаноци. Најновиот облакодер своите први станари ќе ги добие во текот на следната година.