Се работи за приватниот Боинг 747-8, кој на своите сопственици им нуди дури 444 квадратни метри луксузно уреден простор. Авионот е направен од страна на „Боинг“, а за спектакуларно уредениот ентериер се погрижи фирмата „Киркланд“ од Вашингтон. Конечниот резултат е луксуз кој блеска на сите страни, од салони и приватни соби до трпезарии и бањи. Затоа не е изненадувачка најавата дека следниот Air Force One на американската влада ќе биде токму овој авион.