Руската енергетска компанија планира да започне со пилот проект за ветерна централа со инсталиран капацитет од 10 MW во Калининград најрано следната година, со што практично ќе го пренасочи бизнисот во овој сектор од Бугарија и Романија, соопшти Максим Карнаухов, заменик генерален директор на „Лукоил екоенерго“.
Земјите како Романија и Бугарија ги намалија субвенциите во овој сектор со цел намалување на трошоците за обновливата енергија. И двете земји минатата година ги скратија плановите за проекти за обновливи извори на енергија, по првичните високи вложувања и големиот раст на оваа индустрија.
Извор:Bloomberg
http://gdb.rferl.org/B7D40FA8-7034-427B-B26F-FE33330F16A3_mw1024_n_s.jpg