Познатата германска авио компанија Lufthansa, минатата недела од Хамбург го испрати својот Airbus A350-900 на најдолгиот лет во историјата на компанијата. Во понеделникот, авионот слета на Фокландските острови, после 15 часа и 36 минути, односно после поминати 44.000 километри.
Со овој лет пренесена е научната експедиција од германскиот Институт „Алфред Вегенер“, која ќе врши истражувања на Антарктикот, собирајќи податоци кои се многу важни за понатамошното следење и предвидување на климатските промени.
„Драго ни е што можеме да ја поддржиме поларната истражувачка експедиција во текот на овие тешки времиња. Посветеноста во истражувањето на климата, за нас е многу важна. На ова поле активни сме повеќе од 25 години и одредени воздухоплови од нашата флота се опремени со посебни мерни инструменти. Научниците ширум светот ги користат вака собраните податоци во своите климатски модели“ рекол Томас Јан, капетан на овој лет на Lufthansa и менаџер на проектот Фокландски острови.
Во „нормални“ времиња, ваквите експедиции би патувале преку Аргентина или ЈАР на Антарктик. Вака, поради пандемијата, редовните летови не доаѓаат во предвид.