Насловна / Вести / Lufthansa и Shell соработуваат на развојот на одржливо авионско гориво

Lufthansa и Shell соработуваат на развојот на одржливо авионско гориво

Авиокомпанијата Lufthansa и енергетската компанија Shell се договориле за заедничка соработка во испитување на можностите за користење на одржливо авионско гориво (SAF) на аеродромите ширум светот. Спогодбата се темели на амбицијата на Shell до 2030 година најмалку 10% од вкупната светска продажба на авионско гориво биде одржлива.

lufthansashell1

 

Се очекува SAF, горивото за авиони кое се произведува без користење на фосилни извори на енергија како суровата нафта или природниот гас, ќе го предводи патот во декарбонизација на авијацијата. Актуелната генерација на SAF која емитува 80% помалку јаглерод диоксид во однос на конвенционалниот керозин, главно се произведува од биогени остатоци, на пример остатоци од користено масло за готвење.

lufthansashell2

Испрати коментар

Scroll To Top